Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиевски заедно со сопругата го оствари своето гласачко право на избирачко место 1275 во гимназијата „Св. Климент Охридски.Георгиески изрази очекување граѓаните на Охрид во мирна и достоинствена атмосфера да излезат на гласачките места да го остварат своето гласачко право, како и тоа дека граѓаните ќе одлучат Охрид да продолжи да се движи во правилна насока и ќе придонесат за подобра иднина на градот.

OhridNews