Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата на овие избори направи одлични резултати, освојувајќи 370.000 гласа.-изјави потпретседателот на партијата Гордан Георгиев.

-Тоа се 150.000 гласови повеќе од минатите избори, рече Георгиев, посочувајќи дека СДСМ и коалицијата освоиле најмалку 40 пратеници.

Според Георгиев тоа покажува дека граѓаните се одважија и гласаа за СДСМ, покрај, како што рече, силните притисоци и валканата кампања.

Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ во местата каде на минатите избори убедливо победила, сега славела минимално, а во многу општини како Охрид, Куманово, Карпош, Центар, Струмица, победи СДСМ.

OhridNews