Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана сметка и долг од милијарда и 600 милиони денари, но со владината помош очекуваме општината наскоро да стане солвентна, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ, што под мотото „На прав пат“, се одржа синоќа во Центарот за култура во Охрид.

Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека долгот на општина Охрид, која 12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.

Со делбениот биланс на претпријатието „Проаква“, јавното државно претпријатие „Колекторски систем“, го презеде долгот и очекуваме општината конечно да биде одблокирана напролет 2020, нагласи градоначалникот.

OhridNews