
На средбата гостите најмногу се интересирале за заштитата на Охрид, како светско природно и културно наследство. Градоначалникот ги информирал дека локалната и централната власт деновиве ги интензивира активностите за решавање на забелешките на УНЕСКО, а паралелно се работи на стратегија за одржлив развој на целиот регион.
Заеднички било констатирано дека ваквите средби треба да се интензивираат бидејќи има отворени можности за поблиска соработка во туризмот, културата и бизнис секторот.
OhridNews











