Германска амбасадорка Петра Дрекслер и директорката на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија Антје Ванделт остварија посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. При посетата, како што информираат од училиштето, се разговарало за досегашните резултати од примената на дуалното образование по германски стандарди во образовните профили техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство и изведувањето на практичната настава во компаниите партнери како и за интензивната и долгогодишна соработка со Сојузна Република Германија.

Воедно, велат, ги посетиле и кабинетите реализирани од GTZ проект пред 26 години, кои се во одлична состојба, опремени со дидактичка опрема за вежби од електротехничка струка, како и реновирната работилница.

Притоа од страна на нашите ученици беше презентирана практичната примена на Hidraulic and pneumatic training set, како и мерна опрема и микроконтролери добиени од грант поддржан од RCF фондот и KFW банка од Сојузна Република Германија. Беше истакнато и нашето учество и имплементирање на програмата од RYCO Superschools проектот, која е кофинансирана од GIZ – Германското друштво за меѓународна соработка, посочуваат од училиштето.

Преку оваа програма, истакнуваат, досега се реализирани два значајни проекти во соработка со училишта од регионот, со цел јакнење на меѓукултурната соработка, пријателството и размената на знаења меѓу младите.

Се истакна и вториот проект кој беше препознаен како пример за успешна и квалитетна соработка и ја доби престижната прва награда „Best Practice” од вкупно 60 реализирани RYCO проекти од регионот. Поддршката од Сојузна Република Германија е од големо знзчење за нашиот Центар која и понатака ќе продолжи во проектите кои следуваат во иднина, додаваат од училиштето.

OhridNews