Вредна германска донација од Здружението на моторџии „Бајкер Бруми Хилфе“ за охридските болници. Денес се изврши примопредавање на опремата која во име на граѓаните на Охрид, ја прими градоначалникот, Јован Стојаноски.
– Во името на граѓаните на општина Охрид и во мое лично име, изразувам искрена благодарност до организацијата на бајкерите „Бајкер Бруми Хилфе“ од Германија, кои за нашите болници донираа вредна опрема.Посебна благодарност до првиот човек на здружението неврохирургот Д-р Херман Мунцел , кој е на чело на колоната на овие хумани луѓе, како и благодарност за поддршката од германската амбасада во Македонија и Јохан Марц, германски воен аташе во Тирана, Албанија, изјави градоначалникот Стојаноски.
Донацијата се состои од 40 шлепери со хуманитарна помош од кои 19 беа дистрибуирани во Тузла и Горажде во Босна и Херцеговина, 11 се за Призрен, 10 шлепери во придружба на околу 120 моторџии од германското бајкерско здружение пристигнаа во Охрид. Бајкерите велат дека со нивните хуманитарни акции ги разбиваат стереотипите за „лошите момци“ од постарите филмови и докажуваат дека за нив најважни се семејството, работата и хуманитарниот активизам , па потоа моторите. Тоа се покажа и со оваа хуманитарна акција во Охрид.
Во знак на благодарност, градоначалникот Јован Стојаноски на лидерот на „Бајкер Бруми Хилфе“, Херман Мунзел, му врачи благодарница за оваа хуманитарна акција.
OhridNews















