Фудбалерот на Тотенхем, Хонг Мин Сон кој беше двоен стрелец во победата на неговата екипа против Црвена Ѕвезда во Белград со 4-0 го воодушеви светот со својата скромност и гест после првиот погодок. Сон изминатиов викенд беше актер во немила случка во која фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш се здоби со тешка повреда на стапалото. Репрезентативецот на Јужна Кореја јавно побара прошка од Португалецот кој успешно се оперираше и започна рехабилитација.

  • Многу ми беше тешко периодов. Жал ми е за Гомеш и за несреќата но морав да се фокусирам и да продолжам напред. Многу ми значеше поддршката од навивачите и соиграчите кои ми ја пружија после несреќата и несаканиот настан. Гестот после голот беше одговор за луѓето кои ме поддржаа. – изјави Сон.

Дисциплинската комисија во Премиер лигата му го поништи црвениот картон на Сон кој му го додели главниот арбитар. Случајот Гомеш е затворен и окарактеризиран како несреќен случај.

OhridNews

ЛШ: Тотенхем ја декласираше Црвена Ѕвезда (видео)