Фудбалерите на Тотенхем забележаа нов триумф против Црвена Ѕвезда во фазата по групи во Лигата на Шампиони. Англискиот премиерлигаш полесно од очекувањата се справи со Црвена Ѕвезда и заслужено славеше со 4-0. Тотенхем со триумфот во Белград ја потврди разликата во квалитет, бидејќи пред две недели во Лондон победи со 5-0.

Тотенхем отпорот на Црвена Ѕвезда го скрши пред финишот на првото полувреме. После неколку неуспешни обиди топката во мрежата на домаќините ја смести Џовани ле Челсо. Црвена Ѕвезда се отвори во второто полувреме а таквата игра остави простор за контра напади за гостинскиот состав. Хонг Мин Сон со головите во 57-та и 61-та минута зголеми на 3-0. Печат на победата стави Кристијан Ериксен.

Со двете победи над Црвена Ѕвезда, Тотенхем се искачи на втората позиција на табелата и најави излез од резултатска криза која долго време го држеше европскиот вицепрвак.

Резултати:

Група А: ПСЖ – Клуб Бриж 1-0, Реал Мадрид – Галатасарај 6-0

Табела: ПСЖ 12, Реал Мадрид 7, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1

 

Група Б: Баерн Минхен – Олимпијакос 2-0, Црвена Ѕвезда – Тотенхем 0-4

Табела: Баерн Минхен 12, Тотенхем 7, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1

 

Група Ц: Аталанта – Мен Сити 1-1, Динамо Загреб – Шахјтор Доњецк 3-3

Табела: Мен Сити 10, Динамо Загреб 5, Шахјтор Доњецк 5, Аталанта 1

 

Група Д: Локомотив – Јувентус 1-2, Баерн Леверкузен – Атлетико Мадрид 2-1

Табела: Јувентус 10, Атлетико Мадрид 7, Баер Леверкузен 3, Локомотив 3

OhridNews