Се подгреваат страстите кај вљубениците на фудбалот пред градското дерби Воска – Охрид, што ќе се одигра во сабота, 26 февруари, на стадионот „Билјанини извори“.

- Лигата е тешка, а таков ќе биде и саботниот натпревар. Ние влегуваме со спортски мотиви во дуелот со Воска и ја повикувам охридската публика да дојде во што поголем број на натпреварот и да ни даде поддршка. Ние ветуваме спортска борба, па кој биде подобар нека победи. – истакнаа претседателот на ГФК Охрид Данчо Целски и спортскиот директор Гоце Толески.

Г.М.












