Рајан Гигс е на чекор од одигрување на 1000-от натпревар во Манчестер Јунајтед, а менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон го награди со едногодишен договор. Велшанецот со потпишувањето на новиот договор ќе ја одигра 23-та сезона во Премиер лигата.


Моментлано левоногиот фудбалер има 39 години, а наредната сезона тој ќе наполни 40 години и ќе сруши сите табуа на фудбалската издржливост во светот.

Гигс беше член на многу генарации во Манчестер Јунајтед, почнувајќи од Стив Брус, Марк Хјуз Ерик Кантона, легендарната екипа до 1999 и сега оваа која е на најблиску да го освои трофејот во Премиер лигата.

Мх.П.