Бродската традегија е сплет на околности кои доведоа до фатален крај. Наспроти изјавите на дел од преживеаните од бродската трагедија дека на бродот имало само два елеци за спасување, охридските бродари го тврдат спортивното .  

Во бродот Илинден имаше елеци, но се’ се случуваше толку брзо што немаше време да се извлечат бидејќи тие се чуваат под седиштата на патниците. Она со „Илинден“ беше потоп, а не постепено тонење, така што елеците не можеа да се искористат во толку краток период – вели Зоран Гилевски сопственик на бродот „Александрија“ кој прв пристигна на местото на несреќата.

Капетанот на потонатиот брод “Илинден“ Сотир Филевски, бил мирно и воспитано дете и имал солидни познавања ,  тврди Гилевски.

– Јас го познавам Сотир, тој беше спретен, вешт и искусен и во време и во  невреме, а уште од дете мало е во езерото, рече Гилески.

Охридските бродари, не стравуват дека ваквата трагедијата ќе го намали нивниот обем на работа.

Не очекувам во голема мера да влијае трагедијата. Сигурно стравот малку ги одвраќа луѓето, но од досега закажните тури по езерото сега за сега нема откажувања, посочува Гилески.

Комплетната охридска флота деновиве е закотвена на охридското пристаниште. Бродовите се нишаат на брановите на Охридското Езеро, а “морнарите“ ја чекаат експертизата и објаснувањата што точно се случи со бродот “Илинден“ на неговото последно патување на 5 септември, кое бече кобно за 15 бугарски туристи.

М. Постоловски