Со поставување на новата влезна порта во објектот на охридската Гимназија и нејзино „прво отварање“ од страна на градоначалникот Александар Петрески, денеска ќе се означи завршетокот на замената на надворешната дограма како прва реализирана инвестициона активност на Општината  во  2009-та година.

Замената на надворешната дограма на овој објект со најдолга историја во образовната дејност, започна во екот на Новогодишните празници со цел  да се искористи периодот на зимскиот распуст на учениците.

Со оваа, еве веќе успешно приведена кон крај, инвестициона активност, на објектот на Гимназијата се заменети вкупно 108 прозорци  во училниците, ходниците и службените простории  со што во многу се придонесе и за остварување на заложбата за заштеда на греењето односно создавање услови за подобро затоплување на училниците а да притоа, количински,  се трошат помалку енергенти со подобра изолација, велат од општинската администрација.

Ohridnews