Во тек се градежни работи за реконструкција на охридската гимназија.
Покрај покривот кој прокиснуваше, се реконструираат и внатрешните ѕидови на објектот.
Реконструкцијата на охридската гимназија предвидува и замена на дограмата која ќе биде од дрво за да се зачува автентичноста на објектот, изјави за Охридњуз раководителот на Секторот за образование, спорт, млади и невладини организации, Јоне Станкоски.
Реконструкцијата на гимназијата “Св. Климент Охридски” се реализира со средства на Општина Охрид, а мал дел е дотација од државата.
Г.М.













