Македонската ракометна репрезентација ќе добие тандем на селекторската позиција, откако пред промација се долгогодишниот ракометен стручњак Гино Стрезовски и најдобриот ракометар Кирил Лазаров, пренесува „Екипа.мк“.

Стрезовски од РФМ ќе добие шестмесечен договор додека Лазаров не ја заврши играчката кариера. Потоа, Лазаров комплетно ќе ја преземе улогата на селектор и ќе го започне долгогодишен процес на подмладување на македонската репрезентација.

Легендата Лазаров одамна најави дека ќе остане во ракометот, а во меѓувреме тој го пече тренерскиот занает, посетувајќи ги потребните курсеви за ЕХФ мастер лиценца, која е потребна за водење на репрезентација.

Македонија без селектор остана, после спогодбената разделба, помеѓу РФМ и Данило Брестовац.

OhridNews