Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции.
Започнува миниум 3 годишниот проект кој го предводи тренерот Борис Ројевиќ. Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари (освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија).
Ростерот на ГРК Охрид за сезона 2025/2026 е следниот:
Стручен штаб:
Борис Ројевиќ – тренер
Наум Бабачев – помошник тренер
Крсте Андоновски – помошник тренер
Зоран Георгиески – тренер на голмани
Андрија Њаради – кондициски трнер
Љупчо Атанасов – физиотерапевт
Димитар Спироски – физиотерапевт
Огнен Шешоски – доктор на екипата
Голмани:
Градимир Чаневски
Даниел Ѓорѓески
Бојан Блажески
Пивоти:
Иван Тасески
Владимир Бојаниќ
Николаос Лиапис
Ориол Реј Моралес
Леви крила:
Гоце Ојлески
Никола Ристески
Леви бекови:
Теимураз Орјоникидзе
Анте Иванковиќ
Стефан Петриќ
Дејан Кукуловски
Илија Трајчески
Средни бекови:
Ловро Јотиќ
Тилен Стрмлјан
Десни бекови:
Предраг Вејин
Давид Савревски
Никола Шипинкоски
Десни крила:
Дарко Ѓукиќ
Гал Цирар
– Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, нашиот град има одлични услови за тоа. Учествуваме на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одиграме 3 натпревари, потоа ни следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одиграме 4 натпревари. Турнирот е во наша организација кој од година во година е се подобар и подобар, па пред првиот натпревар во Македонската машка ракометна лига со екипата на Алкалоид можно е да одиграме уште еден-два подготвителни натпревари. Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имавме “лесен противник” кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја “презимиме” Европа и да ја полниме СРЦ Билјанини Извори и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличнитот стручен штаб на чело со нашиот тренер Ројевиќ и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона, изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А.Момироска