Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции.

Ростерот на ГРК Охрид за сезона 2025/2026 е следниот:
Стручен штаб:
Борис Ројевиќ – тренер
Наум Бабачев – помошник тренер
Крсте Андоновски – помошник тренер
Зоран Георгиески – тренер на голмани
Андрија Њаради – кондициски трнер
Љупчо Атанасов – физиотерапевт
Димитар Спироски – физиотерапевт
Огнен Шешоски – доктор на екипата
Голмани:
Градимир Чаневски
Даниел Ѓорѓески
Бојан Блажески
Пивоти:
Иван Тасески
Владимир Бојаниќ
Николаос Лиапис
Ориол Реј Моралес
Леви крила:
Гоце Ојлески
Никола Ристески
Леви бекови:
Теимураз Орјоникидзе
Анте Иванковиќ
Стефан Петриќ
Дејан Кукуловски
Илија Трајчески
Средни бекови:
Ловро Јотиќ
Тилен Стрмлјан
Десни бекови:
Предраг Вејин
Давид Савревски
Никола Шипинкоски
Десни крила:
Дарко Ѓукиќ
Гал Цирар
– Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, нашиот град има одлични услови за тоа. Учествуваме на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одиграме 3 натпревари, потоа ни следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одиграме 4 натпревари. Турнирот е во наша организација кој од година во година е се подобар и подобар, па пред првиот натпревар во Македонската машка ракометна лига со екипата на Алкалоид можно е да одиграме уште еден-два подготвителни натпревари. Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имавме “лесен противник” кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја “презимиме” Европа и да ја полниме СРЦ Билјанини Извори и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличнитот стручен штаб на чело со нашиот тренер Ројевиќ и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона, изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А.Момироска


































