На 15.10.2018 година во 18.50 часот во Полициската станица Струга, 39 годишен жите на село Јабланица, струшко, пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот, додека се наоѓал на патот за село Богојци за да врши сеча на дрва со претходно добиена дозвола, физички бил нападнат од неколку непознати лица.

Според пријавата, на местото прво дошло едно лице кое било облечено во зелена облека со натпис од Шумско стопанство и не му дозволило да ја изврши сечата. По кратко време со возила дошле уште неколку лица, кои по кратката расправија физички го нападнале. Во болницата „Св.Еразмо“  му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид.

Ohrid