Како и секоја година, градот активно се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА, 1-ви декември. Со цел подигнување на јавната свест за опасностите од оваа болест и превенција од истата, во Охрид се организираат низа активности за поширока едукација на населението.

Во текот на утрешниот ден предвидени се акции кои ќе ги спроведат волонтерите на Црвениот крст Охрид, Локалниот совет на млади, НВО Опција Охрид и Центарот за јавно здравје, додека од 2-ри до 7-ми овој месец покрај типизираните предавања во средните и основите училишта, ќе се оддржат и интерактивни едукативни предавања и трибини на Факултетот за туризам и угостителство, односно на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Во 12 часот предвидено е доверливо советување и тестирање, а секој заинтересиран ќе има можност да изврши тестирање за вирусот ХИВ/СИДА преку брзи-рапид тестови и да добие корисни совети од страна на стручни лица. Од 12 до 16 часот волонтерите ќе поминат покрај сите пофрекфентни кафулиња во градот и ќе делат едукативен материјал, односно ќе се вршат кратки презентации. Во 17 часот ќе имаме собир на градскиот плоштад, а на видео-бимот ќе бидат емитувани едукативни видео-записи. Вечерта се планирани слични активности, а од понеделник во сите училишта ќе бидат оддржани едукативни презентации за младите. Оваа кампања ќе биде спроведена и во високообразовните институции ФТУ – Охрид и УИНТ „Св Апостол Павле“ преку типизирани предавања.“ – изјави Сашо Точков, претседател на општинскиот Црвен крст.

Оваа година во кампањата е вклучен и Локалниот совет на млади при општина Охрид, со цел анимирање на младите и подигнување на јавната свест за опасносите од оваа болест.

По повод 1-ви декември, Светскиот ден за борба против СИДА, активно сме вклучени во целокупната кампања како Локален совет на млади. Ќе ги поддржеме и низата акции кои се превидени за целата идна седмица. Сакаме да испратиме апел до целата млада популација во општината активно да се вклучи во сите овие акции и да се запознае со начините за превенција од оваа болест.“ – вели Горан Шибаковски од Локалниот совет на млади.

Од НВО „Опција“ Охрид потенцираат дека намалениот број на заболени од ХИВ/СИДА во земјава се должи на високата свест кај луѓето за навременто откривање на својот хив статус.

Како невладина организација во текот на целата година работиме на ХИВ превенција преку проектот „Одржување ниска ХИВ преваленца во Република Македонија“. Два пати месечно во Охрид доаѓа специјално возило од лабораторија од Скопје каде се вршат доверливи тестирања и советувања за ХИВ/СИДА, односно преку Црвениот крст Охрид и НВО Опција се вршат тестирања на сите целни групи, од младите, лицата кои инјектираат дрога, затворениците и сексуалните работници. Имаме доста голем одзив од страна на споменатите целни групи, така да бројката која оваа година се движи се должи на високата свест кај луѓето да се тестираат и да го откријат својот ХИВ статус.“ – вели Царева Рувинова од НВО Опција Охрид.

Во перодот од 1987 до 2013-та година во Охрид се регистрирани  вкупно седум лица заболени од ХИВ/СИДА, од кои шест се починати. На национално ниво, бројката изнесува 194 од кои 143 се заболени од СИДА, 51-но лице е ХИВ позитивно, а 72 се починати. Како што објаснува д-р Јованка Стурлакова – Коровешовска од Центарот за јавно здравје, оваа година во Охрид е регистриран нов случај на ХИВ позитивно лице, додека во земјава се евидентирани нови 25.

Во Охрид во периодот од 1987-2013 се регистрирани седум лица од кои шест заболени од СИДА и починати. Во Република Македонија имаме 25 нови случаи, од кои седум се заболени од СИДА, 18 се ХИВ позитивни, а две се починати.“ – вели Стурлакова – Коровешовска.

Инаку, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА е воспоставен во 1988-ма година од страна на 140 земји, а истиот е прифатен од Светската здравствена организација и се одбележува во скоро сите земји во светот.

O.T.