Реализацијата на програмските активности во текот на 2007 година даваат сигурност за одговорна констатција дека, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Охрид изврши дополнителна консолидација и подготвеност за одговор на законската надлежност и позиција во организирањето и спроведувањето на превентивната, акционна, воспитна и образовна функција и основните цели за подигнување на сообраќајната безбедносна свест и сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот, со посебен акцент на децата и младите.

Ова меѓу друготе се наведува во Годишниот извештај на општинскиот Совет за безбедност, кој во годината што измина реализираше голем број активности.

Покрај Државното првенство, Советот  во годината што изминува ја организаираше една од најзначајните превентивно воспитни активности во Република Македонија од областа на безбедноста во сообраќајот ,,Детскиот семафор,, како и Општинскиот и Регионалниот сообраќаен квиз-натпревар, а реализираче и повеќе образовно – воспитни активности во училиштата.

Општинскиот Совет за безбедност годинава по втор ја  организира локалната превентивно-воспитна акција “Безбеден сообраќај за среќно детство и иднина”, во која  беа опфатени 2500 деца и ученици од Охрид и општина Дебрца.

ohridnews