Охрид традиционално и оваа година ќе биде домаќин на Годишната коференција на Македонскта берза, што ќе се одржи по деветнаесетти пат.

Учесниците на отворањето на настанот, ќе ги поздрави Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, по што ќе бидат доделени наградата „Кристално ѕвоно” – за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година и наградите за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2017 година.

По свечениот дел следи интервју со Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија.

На конференцијата, на која учество ќе земат експерти од областа на финансиите од земјава и странство, ќе се дискутира за динамиката на европските пазари на акции и идни предизвици и мегатрендови во финансиските услуги.

OhridNews