Годишното собрание на акционерите од АД „ЕМО“ Охрид ќе се одржи на 26-ти декември 2014 година во деловните простории на фабриката во Охрид. Во рамки на собранието ќе се разгледува и усвојува годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај на „ЕМО“ за 2013 година.

Исто така акционерите треба да се разгледаат и усвојат ревидираните извештаи за 2013 година кои ги има направено официјална Ревизорска куќа и да се донесат одлука за користење и распределба на средства искажани по годишниот извештај. Акционерите ќе треба да расправаат и за донесување на одлука за избор на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка за 2014 година.

Во повикот за акционерско собрание кој го објави Одборот на директори на „ЕМО“ пишува дека секој акционер кој има намера да учествува на седницата на собранието должен е да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата.

OhridNews