Скопскиот суд денеска го прогласи за виновен екс помошник-министерот за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски, а судијката Добрила Кацарска му одреди затворска казна од 9 години. Судот определи и казна да врати 450 илјади евра (27. 894. 522 денари), колку според обвинението е направена штета за буџетот на МВР, jaвува „Телма“.

 

СЈО веднаш побара Поповски кој се жали на здравствени проблеми, да добие притвор до правосилноста на пресудата и поради тоа што за Ѓоковски има уште судски процеси. За случајот Тенк во кој тој е обвинет заедно со екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, утре ќе биде соопштена пресудата. 

OhridNews