Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ експресно со 3-0 (6-2, 6-2, 6-1) во сетови го совлада шпанскиот тенисер Давид Ферер и се пласираше во финалето од Австралија Опен.

Србинот титулата на гренд слемот во Австралија ќе ја брани против победникот од вториот полуфинален натпревар Рожер Федерер – Енди Мареј.

Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен покрај одбраната на титулата ќе атакува на четвртиот трофеј за него на гренд слем турнирот.

Мх.П.