Талентираниот голман на Работнички, Столе Димитириевски потпишал договор со италијанскиот Удинезе.


Иако претходо беше поврзуван со грчкиот Олимпијакос, Димитриевски својата кариера ќе ја продолжи во Италија. Голаманот на селекцијата на Македонија под 19 години, се уште не е полнолетен па до навршувањето на 18 години ќе остане во Работнички по што ќе може да се пресели во Удинезе.

Удинезе е долгогодишен член на Серија А, а сезонава е на чекор до Лигата на Шампиони. На Фриули, “црно-белите“ го пречекуваат Арсенал кој има 1-0 предност по првиот меч.

Ohridnews