Деветнаесет голови на три натпревари виде публиката на првата вечер од јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта.
На отворањето, освојувачот на трофејот од минатата година, екипата на Сатеска, со 4:1 ја совлада екипата на Ночелино, а победи вечерва уште забележаа и Гранит Х и Чардак Велгошти.
Резултати – среда 18.06.2025
Сатеска – Ночелино 4:1
Гранит Х – Компани Стојкоски 7:1
Ескобар Волино – Чардак Велгошти 1:5
Турнирот продолжува во четврток со три средби од групната фаза.
Распоред на натпревари – четврток 19.06.2025
20:30 Кафе Бар Коко – Инитали
21:30 Кафе Бар Коко – Том-Гор
22:30 Кафе Бар Коко – Блу Фиш
На турнирот Петровден – Мешеишта оваа година учествуваат 34 екипи, а наградниот фонд изнесува 500 000 денари.
Г.М.