Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 45 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-15, Струга-06, Кичево-13, Дебар-11).

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишен битолчанец.

Тој, на 22 март во 23:15 часот, е затекнат на булеварот „Туристичка“ во Охрид без да поседува дозвола за движење за време од полициски час. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22 до 05 часот. – информира полицијата.

Во денешниот билтен, СВР Охрид уште информира дека е поднесена кривична пријава против 48-годишен охриќанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на улицата „Шар Планина“ во Охрид, без одобрение за градба, изградил објект, за кој Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид донела решение за нејзино отстранување, соопшти СВР Охрид.

OhridNews