12.55 Нешто пред пладне дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во Охрид, Струга и делови од Дебрца.

Снегот предизвика проблеми во снабдувањето ел.енергија во Охридско-струшкиот регион
Падната бандера во струшко

Причина за прекинот кој без електрична енергија остави над 100.000 жители на регионот, неофицијално, е голем дефект на далекуводниот систем.

Прекин во снабдувањата со електрична енергија има во Охрид, Слатино, Издеглавје, Арбиново, Годивје, Сливово. Во Струга, Калишта, Радолишта, Франгово, Радожда, Октиси, Подгорци, Делогожда, Лабуништа, Присовјани, Локов, Селце, Буринец, Збажди, Брчево, Шум, Заграчани, Вишни, Радолишта, Теферич, Луково, Нерези, Модрич, Дренок, Пискупштина. Прекин во снабдувањето има и во Вевчани. – информира ЕВН.

Од ЕВН велат дека проблемот е во МЕПСО, односно во нивните системи за снабдување. Неофицијално се работи за дефект на два далекувода од кои со електрична енергија се снабдуваат наведените реони.

Во регионот од синоќа има обилни врнежи од дожд и влажен снег на повисоките места, кој предизвикува проблеми и оштетувања на електричната мрежа и другата инфраструктура.

Г.М.