На градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи голем хуманитарен хепенинг. Под мотото “Вашите пет минути-некому живот“ од 9-15ч. на специјално подготвен пункт од Црвениот крст ќе се одвива акција за доброволно дарување крв.

Акцијата е дел од пошироката кампања во која како фронтмен се јавува македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, а е помогната од Космофон. На хуманитарниот хепенинг на градскиот плоштад, што го организира општинската организација на Црвениот крст, во забавниот дел ќе настапат Ѓоко Танески, групата “Блек аут“ ученици од ОМУ “Методи Патче“-Охрид, а ќе биде одржана и театарска престава.

Во рамките на хуманитарниот хепенинг ќе биде одржан и квиз, а активисти на Црвениот крст ќе одржат показна вежба-акција за спасување.

Поканети се сите хумани луѓе.