Усвоен е предлогот со кој Советот на Европа преку своето тело ЦЕМАТ го утврдува проектот “Дримски дијалог” како проект од висок интерес особено затоа што има потпишан меморандум на одговорните министри на четирите држави кои се членки на Советот на Европа и соседи Македонија, Грција, Албанија, Црна Гора. Сето тоа е во функција на спроведување на документот: “Декларација за одржлив просторен развој на европскиот континент во време на промени”.
Инаку, проектот ” Дримски Дијалог” пред и по потпишувањето на Меморандумот го раководи Кор групата за Дрим во која преставник од Македонија е еден од иницијаторите и имплементаторите на Дримскиот дијалог, Дејан Пановски од Одделението за управување со Дримскиот Басен при Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ.