Голем пожар беснее во околината на Прилеп над каменоломот кај с.Тројаци кон с.Топлица. Зафатена е поголема површина шума, а огнот е стигнат до магистралниот пат кој преку превојот Плетвар води за Кавадарци, поради што од 15.40 часот во прекин е сообраќајот на оваа делница.

Дополнителен проблем претставува неповолниот ветер кој го шири пожарот, а поради густиот чад од безбедносни причини запрен е сообраќајот на магистралата Прилеп – Росоман. Од двете страни на превојот  Плетвар формирани се колони возила, меѓу кои има и автобуси од Охрид кои се обраќаат на редовни линии.

Со огнената стихија се борат пожарникарите од професионалната единица од Прилеп, но засега не се знае до кога ќе биде во прекин сообраќајот преку превојот Плетвар.

OhridNews
фото: илустрација