Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку украински региони.

Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски дронови, соопшти командантот на воздухопловните сили.
Во нападот се оштетени енергетски објекти во пет региони ширум Украина. Украинскиот национален оператор на мрежа „Укренерго“ соопшти дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и регионот Ивано-Франковск на запад.
Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети. Од март ова е веќе шести масивен, комплексен напад со ракети и дронови врз цивилна енергетска инфраструктура, соопшти Укренерго.
OhridNews
фото. МИА/ДПА












