Празници се ближат, а сега е вистинско време да се подготвите за прекрасните моменти со работи кои ќе го разубават вашиот дом. И сето тоа по исклучително поволни цени на големиот саем на новогодишни украси, што ќе се одржи во хом центарот „Ангел Тренд“ овој викенд, 9 и 10 ноември.

Како што информираат од „Ангел Тренд“ викендот во нивниот хом центар ќе бидат изложени најнови новогодишни украси, ќе има акциски цени на многу производи, како и попусти.

Хом центарот „Ангел Тренд“, се наоѓа на добро познатата локација на ул. „15-ти Корпус“, на патот Охрид – Битола, наспроти средното училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

OhridNews