Под мотото „Без вода нема живот“, клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, денеска ќе спроведе акција за чистење на цврстиот одпад од дното на Охридското Езеро на потегот од градското пристаниште до месноста Сараиште.
Во рамки на еко акцијата ќе бидат изработени подводни фотографии и видео спот за заштита на Охридското Езеро со музика на охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски, информираат организаторите на акцијата.
Како подготовка нуркачите направија повеќе нуркања, снимање и детекција на цврстиот отпад под вода на локациите каде ќе се спроведе акцијата.
Проектот е поддржан од општина Охрид.
OhridNews












