Денеска ќе преовладува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени.

Во четврток не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.

Г.М.