Во организација на млади музичари од Охрид и Лајанс клубот Лихнидос, во среда, 25-ти април, во „Liquid cafe“ ќе се одржи хуманитарна забава за помош на малата Мила, која има 15 месеци и боледува од дистрофија поради што итно и е потребна операција во Кина.

На хуманитарниот настан ќе настапат: Камелеон, Бекдорбенд, Бетис буб, Но фан и Хај 4.

Влезот чини 100 денари, а хуманите граѓани ќе можат да помогнат и со јавување на специјалните телефони: 143 461 (ВИП) и 070 143 153 (Телеком), а средства може да се донираат и на наменската жиро сметка наведена на флаерот во прилог.


Голема хуманитарна забава за помош на малата Мила

OhridNews