Sky Corner

Од 19.02.2022 - 13:00

Местото кое е синоним за забава, врвна услуга, добра храна и понуда за сечиј вкус го прославува третиот роденден. По тој повод, хотелот Скај Корнер организира целодневна забава. Во сабота, од 13:00 часот хотелот ве поканува да уживате на терасата каде е сместен кафе-барот и ресторанот, која го нуди целиот град на дланка.

Покрај добрата атмосфера за која ќе бидат задолжени DJ Jovan и бендот „Броз“, за љубителите на добрата храна, од кујната на „Скај корнер“ ќе биде приготвена и скара.  Роденденското шоу продолжува и вечерта, од 21:00 часот со настап на Ивона Јо и нејзиниот бенд.  Информации и резервации на телефонскиот број 070 485 585.

 

OhridNews