На свеченост што се одржа денеска во Лабуништа на 20 метарски јарбол беше подигнато знаме на Република Албанија. Свеченоста се одржа по повод одбележување на 101 година од албанското знаме.

На свеченоста присуствуваа бројни гости, делегација на локаланата самоуправа предводена од градоначалникот Зијадин Села, како и локалното население. 

Во изјава за медиумите мештаните, кои во најголем дел говорат чист Македонски јазик, истакнаа дека се горди на поставувањето на албанското знаме и дека долго чекале на овој момент.

Слични манифестации по повод 101 година од албанското знаме денеска се одржаа во повеќе места во земјава, каде претежно живее албанско население.

OhridNews