Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот центар Амфора.
Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.
Во текот на акцијата беше отстрането големо количество отпад од дното на езерото, со што уште еднаш се испрати силна порака за значењето на еколошката свест, заштитата на природата и регионалната соработка, велат од Нуркачкиот центар Амфора.

Организаторите упатуваат голема благодарност до сите учесници и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на проектот.
Охрид ЕКО 2026 уште еднаш покажа дека заедничката грижа за природата може да создаде вистински и долгорочни промени за идните генерации, потенцираат од Нуркачкиот центар Амфора.
OhridNews
















