Со 28 постигнати голови на три натпревари, синоќа продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“.

Најефикасниот натпревар го одиграа Хотел и СПА Инекс Олгица и Попоски Инженеринг, во кој Инекс Олгица славеше убедливо со 12:5, во рамките на групата Б.

Во групата Ф, АД Галеб службено го доби натпреварот против Златара Бени Ерол со 3:0, додека екипата на Аце Најдески беше убедлива против Хотел Тино, победувајќи со 7:1 во меч од групата Д.

Турнирот продолжува вечерва со четири средби. Програмата ја отвораат БЗ Груп Струга и Нова-пор од групата Ц, со почеток во 20 часот. Еден час подоцна, во групата Е, ќе се сретнат Студио 13 Ресен и Гранит Х, а во 22 часот ќе играат Сатеска и Екстра Скопско во рамките на групата Ф.

Вечерната програма ќе ја заокружат Кибо Пласт и Студио 13 Ресен, кои од 23 часот ќе го одиграат вториот натпревар за ресенската екипа во групата Е.

OhridNews