Oд 06:15 часот на регионалниот пат Крушево-Битола поради голомразица сообраќајот е во прекин за сите видови возила. Од 07:20 часот, забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината, информира УХМР.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола,Прилеп, Струга, Ресен, Железнец и Велес.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена до 100 метри.

OhridNews