
Неофицијално, на местото не несреќата утрото имала голомразица која предизвикала извртување на возилото со кое патувале македонските државјанки и на уште едно возило со грчки регистарски таблички кое доаѓало од спротивен правец. Притоа во извртувањето грчкото возило навлегло во спротивната коловозна лента и се судрило со македонското возило кое од ударот излетало од патот во провалија и удрило во дрво каде и застанало. Судирот бил кобен за две од петте патнички кои седеле назад во возилото.
Официјалниот извештај за причините за сообраќајната несреќа го подготвуваат грчките истражни органи и полицијата, а поради прославата на Божиќните празници кај јужниот сосед медиумите не можеа да обезбедат подетални информации за трагичниот настан.












