Владата на Република Македонија и министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Република Македонија во делот на мигранти, бегалци и странци со која што Република Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе на кои што ќе дојдат во Република Македонија, изјави денеска на прес конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

-Со измените кои што ги предлага владата во својата стратегија со измените што ги предлага министерството за труд и социјална политика, тогаш ќе има олеснето доделено државјанство на овие лица, олеснето нивно сместување и изградба на цели станови, населби, згради, понатаму нивен олеснет пристап до градинки, училишта за сметка на граѓаните на Република Македонија како и засилено вработување, а сведоци сме дека вработувањата и тоа како им се потребни на граѓаните на Република Македонија. – рече Ѓорчев.

Во Република Македонија, државата треба да им даде приоритет на граѓаните на Република Македонија, во делот на вработувањето, во делот на решавањето на станбеното прашање, во делот на кредитите, приоритетот треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. А стратегијата која што ни ја предлага новата влада и министерството за труд и социјална политика, целосно ги маргинализира граѓаните на Република Македонија. Целосно ги маргинализира, а им дава приоритет на лицата кои што тие сакаат да се фокусираат, а тоа се лицата кои што дошле во Република Македонија, мигрантите и останатите категории на лица, додаде Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека програмите на Република Македонија и ресурсите на Република Македонија треба да бидат првенствено насочени кон граѓаните на Република Македонија.

-Република Македонија има многу ограничени ресурси, Македонија има покажано својата хуманост и Македонија нема неограничени ресурси со кои што ќе може да ги реализира овие големи, големи обврски кои што ги превзема Владата на Република Македонија, а кои што ако се реализираат ќе бидат на сметка на граѓаните на Република Македонија.-истакна Ѓорчев.

OhridNews