Голема површина трска и друга ниска вегетација изгоре во пожар, што се случи попладнево во близина на Охрид, во месноста Св. Еразмо.

Густиот чад кој се издигнуваше високо, можеше да се забележи од голема далечина, што ги вознемири граѓаните.

Интервенираше противпожарната единица од Охрид, која пожарот го стави под контрола.

Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот, но не е прв пат да гори трска во ова подрачје, слично како и во струшко каде секоја пролет намерно се пали и уништува трската која е природно живеалиште на голем број видови птици и животни.

OhridNews