Под влијание на малку посвежа воздушна маса од север, температурите во наредните денови во земјава ќе бележат благо опаѓање.

Во попладневните часови можна е дестабилизација на времето со локален пороен дожд и грмежи, на места и во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Дневната темоература ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени Целзиусови.

OhridNews