На „инвентивноста“ на несовесните граѓани и нема крај. Ако досега најчесто природата им служеше за депонирање најразличен цврст отпад и градежен шут, сега таму се фрлаат и неупотребливи педалинки. Делови од овие реквизити за летна забава се расфрлани на потегот од Горица 3 кон Горица 2.

Сликата да е потполна се погрижиле и рекреативците на кои им било мака отпадокот од сок, вода и храна да го понесат со себе до најблискиот контејнер, па го оставаат во незаштитените шахти на патеката околу Горица. Да не се гледа.

 

OhridNews