Од вечерва на полноќ нови, поскапи цени на горивата.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензинот Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 73,5о денари, додека Еуросупер 98 ќе чини 75,50 денари. Новата цена на Дизелот изнесува 65 денари, а екстра лесното масло за домаќинства 54 денари.

Нова цена има и мазутот, кој од полноќ ќе чини 34,53 денари за килограм.

OhridNews