Голем број гости го исполнија Охрид. Раздвижено е во чаршијата и градскиот кеј, а место повеќе се бара во кафулињата и рестораните уште од утринските часови.

Дел од гостите пристигнаа во текот на вчерашниот ден, а многумина кон Охрид се упатија денес. Пред влезот на градот, кај Подмоље, претставници од општинскиот Совет за безбедност, на возачите кои се движеа кон градот им ги честитаа празниците и им делеа совети за безбеден сообраќај.

– Во пресрет на Велигденските празници кога имаме зголемена фрекфренција на сообраќај во градот исто така сакаме да упатиме апел до пешаците до велосипедистите моторциклистите, до возачите да внимаваат едни на други. Заеднички совесно и одговорно да учествуваме во сообраќајот и на тој начин да влијаеме врз зголемувањето на севкупната сообраќајна безбедност во Охрид и со тоа да се намали можноста за случување на сообраќајни незгоди, вели Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Задоволство од првиот поголем бран гости оваа година искажаа хотелиерите чии капацетети се исполнети околу 80 проценти.

Најголемиот број гости во Охрид се од земјата и соседните држави.

OhridNews