Денес, во кабаре на центарот на Охрид се случила тепачка која, како што информира МВР, ја предизвикале двајца охриѓани.

Имено, 33- годишниот и 24- годишниот охриѓанец забележале 58- годишна жена во друштво со неколку државјани на Турција и САД, кои физички ги нападнале, при што им предизвикале телесни повреди. Потоа двајцата охриѓани го искршиле и инвентарот во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews