Се е подготвено за достоинственои одбележување на верскиот празник Богојавление Водици, изјави денеска градоначалникот на Охрид Нуикола Бакрачески.
-Локалната самоуправа, службите на јавните претпријатија, СВР Охрид, Црвениот крст и други субјекти се вклучени во организацијата на оваа црковно – народна манифестација. – рече Бакрачески
Централната манифестација ќе се одржи кај градското пристаниште со голем богојавленски водосвет.
-Претходно во сите православни храмови во градот ќе има богослужби, по што во 9.45 часот литиите ќе се упатат кон градското пристаниште, каде во 10 часот ќе бидат осветени езерските води и ќе биде фрлен светиот крст. Очекуваме во водите на Охридското Езеро да влезат стотитина капачи. Во 12 часот на Сараиште ќе има групно крштевање. – појасни Бакрачески.
За празникот во Охрид се очекуваат бројни гости, во најголем дел од земјата и регионот.
-Ќе има гости и од соседните држави, пред се од Бугарија и Албанија, како и од Грција и Србија, како и од збратимените градови со Охрид. На богојавленските чествувања во Охрид ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата, меѓу кои и евроамбасадорот Жбогар. – истакна Бакрачески.
И оваа година дел од угостителите и хотелиерите извршија намалување на цените на услугите од 10-15 проценти, што ќе придонесе да имаме убаво славење на празникот, додаде Бакрачески.
OhridNews












