Здружението на граѓани „Св. Василиј“ од Куратица ги прави последните подготовки за традиционалниот карневал што се одржува на празникот Василица.

На состанокот одржан пред Нова година утврдена била програмата, која вп многу не се разликува од минатогодишната, но се најавуваат изненадувања. Фондот на награди е зголемен, обезбедени се 1000 литри вино и 400 литри ракија, а во функција на промоција на манифестацијата неколку дена пред карневалот низ охридските улици ќе продефилира маскирано возило со натписи за карневалот, информираат организаторите.

Карневалот започнува на 13 ти јануари во 17:00 часот со палење на василичарскиот оган и посета на сите домови во селото.  Главната манифестација е следниот ден, 14 ти јануари во 17:00 ч . кога ќе се одржи дефилето под маски. Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на групата Маестрал од Битола и  Елена Велевска. Традиционално вечерта ќе бидат прогласени најдобрите маски, а се најавува и голем огномет.

OhridNews